Неверојатно: Фановите на Новак најдоа начин како тој да влезе во САД и да игра УС Опен!

3584

Речиси цел тениски свет е преокупиран со тоа дали Новак Ѓоковиќ сепак во последен момент ќе изнајде начин да игра на УС Опен (29 август – 11 септември). Се пишуваат писма до претседателот на САД Џо Бајден тој лично да му дозволи на Србинот да игра, но ништо од тоа. Новак не е вакциниран и не може официјално и легално да влезе во таа земја.

Сепак, сепак постои една неверојатна варијанта. Имено фановите на Новак му сурегираат да ја „испроба“ и сека се е легално.

А таа е тој прво да отпатува на Бахамите, а потоа со брод како турист да допатува на Флорида. Имено за влез на Бахамите се бара само ПЦР тест не постар од 72 часа, а ако влегуваш на Флорида со брод или ферибот не ти бараат доказ дека си вакциниран.

Е сега на потег е Новак, но тој тешко дека ќе се нафати на ваква „операција“ ако се знае низ што мина во Австралија.

ПретходноАмериканската кошаркарка осудена на девет години затвор!
СледноПресврт, но сега позитивен шок за Роналдо!