Официјални состави: Шаќири ништо не менува, одново со Дориев, Гури, Шаља, Хасани во нападот

275

Вечерва во 19 часот на “Френдс Арената“ во Стокхолм, ќе започне првиот меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции меѓу АИК и Шкендија. Откако ги мина без никакви проблеми првите пречки во ова натпреварување од Шкендија се очекува уште едно добро издание, но сепак АИК е одличен тим. Тоа ќе бидат два тешки меча за момците на стратегот Артим Шаќири, кој на нешто повеќе од еден пред почетокот на мечот го објави стартниот состав.

Единаесетмината кои ќе го започнат мечот со АИК се…

ЗАХОВ, МУРАТИ, ЦАКЕ, БЕЈТУЛАИ, НЕЗИРИ, ДИТА, Р. РАМАДАНИ, ХАСАНИ, ШАЉА, ДОРИЕВ, ГУРИ.

Формација на официјалната страна на УЕФА е 3-4-3, но сепак се знае дека Шкендија игра во 4-2-3-1.

На клупата своја шанса ќе чекаат Стојановски, Вагнер, Ф. Рамадани, Нафиу, Елези и другите.

Судија на овој натпревар ќе биде Брам ван Дриеше од Белгија.

ПретходноВест Хем ги победи Њукасл и Евертон во трката по репрезентативец на БС Коска
СледноСалихамиџиќ: Баерн Минхен оди по стапките на Ливерпул и Сити!