Петти пораз по ред на ЕП: Шлаканица за Симиќ и „пулените“ од Грција!

447

Македонската јуниорска репрезентација го запиша петтиот пораз на Европското првенство А Дивизија и се стави во тешка позиција за опстанок во ова елитно натпреварување. Избраниците на Тони Симиќ одиграа против добро познат противник, Грција, кого веќе еднаш го победија во Гевгелија во рамките на подготовките, но на најважниот меч беа поразени, и тоа со убедливи 61-77.

Симиќ, селекторот, повеќе нема избор, со неговите „пулени“ ќе мора да ги победат следните два мече за да го задржат местото во А Дивизија, и секако да го ублажат овој дебакл.

Резултатот се менуваше постојано, Грција поведе во првата четвртина со 17-23, додека „црвено-жолтите“ се врати во втората четртина, на одморот имаа позитива од еден поен 39-38.

По одморот, противникот успеа да се врати, со серија од 8-2 дојде на 42-48, дрежеше темпо, а веќе на стартот на последната четвртина, поточно во 36 минута поведе и со двоцифрени 55-72. Ова беше период во кој Македонија правеше грешки, имаше слаба реализација, па постигна само пет поени, прими 18. Тука беше крајот на овој дуел.

ПретходноПресврт, но сега позитивен шок за Роналдо!
СледноБуба го „тресе“ АИК уште во 26.секунда! (ВИДЕО)