Францускиот дефанзивец Ибрахима Конате кој имаше одлична дебитантска сезона во Ливерпул, поради повреда ќе мора да пауизира извесно време. Ливерпул денеска објави дека дефанзивецот се здобил со мала повреда што ќе го оддалечи на стартот од претстојната сезона во Премиерлигата.
Од клубот не објавија ништо за тоа колку долго Конате ќе паузира поради повредата, но самиот тој на своите социјални мрежи напиша дека нема да биде предолго надвор од терените.
Ливерпул ја започнува својата сезона во Премиер лигата во сабота на гости против Фулам.