Полувреме во Даблин: Ирците водат со 2:0, Шкупи во проблеми! (ВИДЕО)

440

Лошо, лошо прво полувреме за Шкупи во Даблин. Домашниот состав на Шамрок има водство од 2:0, чаирчани имаат проблеми во одбраната, но и со играта на целиот тим. Имено уште во 12.минута Ирците поведоа со голот од пенал Бурк, а истиот на глупав начин го скриви Диене.

Во 29.минута домашните поведоа по одлична акција, а со убаг гол ја заврши Ватс.

Се разбира дека не е се загубено, има да се играат на овој меч уште вторите 45.минути, но Шкупи мора, ама баш мора да биде на своето ниво.

ПретходноВиктор Ефремовски останува во дресот на Гостивар
СледноПОТВРДЕНО: Рики Пуиг од Барса се сели во МЛС лигата