Сепак Кристијано Роналдо ќе биде стартер на првиот меч за Манчестер Јунајтед против Брајтон. Иако по се она што се случи за време и по мечот со Рајо Ваљекано, кога Португалецот си замина дома уште пред да заврши средбата, а потоа тренерот Ерик Тен Хаг јавно го искритикува, јасно беше дека како казна Роналдо ќе биде на клупата на стартот од сезоната.
Сепак најновите информации од Островот велат дека во меѓувреме се случич пресврт, и тоа позитивен за Роналдо. Имено поради повреда Марсијал не може да биде стартер, па Тен Хаг ќе мора да почне со Роналдо во составот.