Челзи го престави четвртото засилување за новата сезона откако го комплетира трансферот на играчот од средниот ред Керни Чуквуемека кој дојде од Астон Вила. „Сините“ од Лондон за младинскиот англиски репрезентативец платија 20 милиони фунти, а потпишан е договор на шест години.
Чуквуемека е роден во Австрија, но фудбалските чекори ги прави во Нортемптон Таун од каде во март 2016 година заминува во академијата на Астон Вила. Минатата сезона дебитираше за првиот тим на Астон Вила одигрувајќи 13 натпревари во Премиер лигата.
За него некогашниот фудбалер на Арсенал Пол Мерсон кажа дека има потенцијал да биде голема англиска фудбалска ѕвезда.