Шкупи ги праша Ирците: Дали вака ќе постапевте со екипа од Германија или Англија?

2580

Експедицијата на Шкупи е веќе во Даблин, меѓутоа дотаму стигна по потешкиот пат. Иако се патувало со чартер, и дестинацијата била Даблин, сепак во последен момент, додека авионот бил на пат кон Р. Ирска, кажано им било на пилотите дека не смеат авионот да го приземјат во Даблин, туку дека треба тоа да го сторат на друго место кое е одалечено дури 300 км.

Тоа допринело и до дополнително организирање на автобуси и тричасовно возење до главниот град на Ирска.

Поради ова реагираа и од Шкупи со соопштение:

Нашиот тим се сопнува на таков срамен, измамнички начин. И покрај нашиот буџет, ние се обидувавме да ги одржуваме нашите играчи удобно со резервирање чартер авион и да платиме илјадници евра за да се увериме дека нашите играчи можат да пристигнат здрави, но ирската влада не ја послуша УЕФА, и покрај нивната интервенција, нè приземји 300 км од Даблин и на нашиот тим му приреди незаслужен третман на ова патување.

Исто така, по натпреварот ќе треба да се возиме уште 300 километри назад и ќе лета од таму. За жал, тоа не му е направено на ниту еден тим освен на тим од С.Македонија, нашата осаменост повторно се појави додека напредувавме на европскиот пат. Бараме Министерството за надворешни работи на С.Македонија барем вечерва да организира враќање во Даблин.

Дополнително, сакаме да им порачаме на Ирците дека треба добро да знаат дека имаме силен карактерен тим. Наградата да се биде тим е да одговориш како тим на злото направено кон тебе на ист начин, така што денес нашиот тим ќе ти покаже каков е карактерот, како лавови на теренот, ќе покажат дека нема тим што нема да поклони се пред измамите на таквите, ваквите евтини измами не треба да имаат место во фудбалот, и не треба да останат неказнето, само така се однесуваа со ФК Шкупи, но дали може да се однесувате и кон нас ако покаже некоја италијанска, шпанска, германска или англиска екипа горе е ова? Се надеваме дека нашата влада ќе одговори на оваа ситуација, со моја почит кон јавноста“.

ПретходноИрвинг го одбра следниот тим!
СледноВилсон Дејвис: Ривалството меѓу Пелистер и Вардар е исто како на Порто со екипите од Лисабон