Женската кадетска кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 18 години го загуби и мечот со Естонија во разигрувањето за пласман од 9 до 18 место на Европското првевество од Б-дивизијата во Софија, Бугарија.
Избраничките на селекторот Златев денеска беа поразени во првиот меч од доигрувањето против Естонија со 66:57.
Најефикасна во нашиот тим со 21 поен беше Мартина Маркоска, додека кај Естонија одличен меч одиграа Ратасеп (17) и Молдер (16).