Барса се уште не може да ги регистрира новите играчи, Ла Лига им призна само дел од приходите

176

На десет дена пред почетокот на новата сезона во Шпанија, Барселона повторно не може да ги регистрира сите свои нови засилувања. Причината за ова е што раководството на Ла Лига не го признава целосно финансискиот извештај на каталонскиот клуб.

Разликата е 150 милиони евра.

Пред извесно време Барселона продаде 25% од телевизиските права за период од 25 години. За нив клубот доби 517 милиони евра. Барселона дополнително објави дека е остварена вкупна капитална добивка од 667 милиони евра. Сепак, комисијата за економска контрола на Ла Лига ја признава само првата сума од 517 милиони.

Тоа значи дека во Барселона мора да најде други начини за да ја покрие оваа разлика од 150 милиони и да може да ги регистрира своите пет нови засилувања досега (Кеси, Кристенсен, Левандовски, Кунде и Рафиња) плус играчите со нови договори, пренесува „Кадена СЕР“.

Првиот човек на клубот Лапорта планира да продаде околу 24 проценти од продукциската куќа „Барса студиос“ за 100 милиони евра, но и тогаш ќе биде „кусок“ поради што ќе мора итно да продаде и играч(и).

 

 

 

ПретходноПоранешен НБА шампион уапсен поради марихуана
СледноБесарт Исаку: Струга ТЛ во новата сезона влегува со големи амбиции, имаме силен тим и Европа е приоритет!