Беше ѕвезда на Валенсија, стана Ди-Џеј, па сега е фудбалски директор на Кипар

543

Популарниот шпански фудбалер од крајот на минатиот и почетокот на овој век, Гаиска Мендиета, се враќа на фудбалот како технички директор на кипарски Пафос, објави клубот.

Мендиета ќе ја преземе функцијата испразнета од Хрватот Иван Манце, кој си замина во текот на летото. Мендиета, кој се прослави со своите осум сезони во моќната Валенсија, ќе биде одговорен за севкупната идна стратегија и операции на клубот од Пафос и за изградба на уште поконкурентен тим.

Интересно е што во последниве години Мендиета се впушти во сосема други води и работеше во музиката дури и како диџеј.

ПретходноШкупи убедливо поразен во Даблин, тешка задача го чека на реваншот во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноАртим Шаќири: Шансите и натаму се 50-50!