По неколку тренинзи во салата „Автокоманда“, екипата на Алкалоид се пресели во Маврово. Новиот супер-лигаш тука ќе ги одработи физичките подготовки пред стартот на новата сезона.
Предводникот на Алкалоид, Кирил Лазаров и неговите момци ќе останат десет дена, по неколку дена ќе заминат за Струга каде ќе бидат учесници на традиционалниот меѓународен турнир.
Во првото коло овој тим за противник ќе го има Вардар 1961, а ќе ги одмери силите со Целје Пивоварна Лашко и Бутел Скопје.