Нов тренер, нов спортски директор и веднаш нови правила. Се разбира дека ова се однесува за ПСЖ, клуб кој сега со стратегот Криштоф Галтие и спортскиот директор Луис Кампош сака малку да ги “стегне“ своите фудбалери.
Имено клубот забрани излегувања во ноќни клубови, строго се забранети и ноќните излегувања воопшто. Освен се разбира во специјални прилики. Оваа забрана ја донеле Галтие и Кампош, а за тоа имале и целосна поддршка од газдите на клубот, пребогатите шеици од Катар.
Уште повеќе, Кампош ангажирал специјални лица кои требало да ги посетуваат тие ноќни клубови, а нив само тој ги знаел кои се, со цел да ги „шпиунираат“ фудбалерите на ПСЖ. Кој нема да ја спроведува оваа мерка може веднаш да си оди од клубот.