Пех за Ливерпул: Конате го пропушта стартот на новата премиерлигашка сезона

103

Францускиот дефанзивец Ибрахима Конате кој имаше одлична дебитантска сезона во Ливерпул, поради повреда ќе мора да пауизира извесно време. Ливерпул денеска објави дека дефанзивецот се здобил со мала повреда што ќе го оддалечи на стартот од претстојната сезона во Премиерлигата.

Од клубот не објавија ништо за тоа колку долго Конате ќе паузира поради повредата, но самиот тој на своите социјални мрежи напиша дека нема да биде предолго надвор од терените.

Ливерпул ја започнува својата сезона во Премиер лигата во сабота на гости против Фулам.

ПретходноГуидети за ремито со Шкендија: Подобри сме од нив, ќе ги победиме на реваншот
СледноШкупи убедливо поразен во Даблин, тешка задача го чека на реваншот во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)