Добар резултат на Шкендија и тоа од 1:1 по првите 45.минути во Стокхолм на гостувањето кај АИК во првиот меч од 3.квалификациско коло во ЛК. Уште на стартот, се играше 26.секунда кога Ферхан Буба Хасани донесе водство на тетовци, за еуфорија. Капитенот прекрасно се снајде и го матираше домашниот голман.
На 1:1 израмни Гвидети во 17.минута кога прекрасно шутираше со глава, Захов беше немоќен.
АИК ја имаше иницијативата во поголем дел од полувремето, но Шкендија се закануваше од контранапади.