Поранешниот НБА шампион Имам Шамперт е уапсен на аеродромот во Далас откако цариниците во неговиот ранец пронашле марихуана. Како што пренесува „ТМЗ Спорт“ во неговиот ранец освен нешто повеќе од 170 грама наркотици бил пронајден и шаржер од Глок и 14 деветмилиметарски куршуми но не и пиштол.
Поради тоа е лишен од слобода, а доколку биде прогласен за виновен може да добие казна од две години и 10.000 долари.
Шамперт последниот ангажман во НБА го имал во Бруклин со кого потпишал 10 дневен договор во текот на регуларната сезона 2020/21. Инаку претходно играл за Сакраменто, Хјустон и Кливленд со кои во 2016 година го освои шампионскиот прстен.