ФОТО: Официјален сајт на Митјиланд (https://www.fcm.dk/)
Се одиграа првите натпревари од 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите, а данскиот Митјиланд доживеа пораз од 4:1 на гостувањето кај Бенфика. Хет-трик реализираше Гонсало Рамос, а по мечот тренерот на данскиот првак Хенрик Јенсен изјави дека не верува дека неговата екипа е кадарна да го сврти резултатот.
„Игравме против многу добра екипа. Знаев дека ќе биде тешко, а бевме добри само во првите 20 минути. Меѓутоа, Бенфика беше ефикасна во првото полувреме и поради тоа моравме да направиме нешто во второто полувреме. Се надеваме дека ќе имаме повеќе среќа во реваншот. На овој меч го гледавме како шанса нешто да научиме. Игравме против многу добри играчи и организирана и силна екипа.
Чудо нема да е доволно за да поминеме понатаму. Ни треба Господ или не знам што друго, а јас не верувам во него.
Единствено што ме интересира е да одиграме добро, да го дадеме најдоброто од себе и да видиме што ќе се случи“, кажа Јенсен.