Седлоски мора да прави рокади: Шкупи со нови бекови против Шамрок!

574

Во однос на стартниот составот со кој ќе истрча Шкупи вечерва на “Талахт стадионот“ во Даблин, на првиот меч од 3.квалификациска рунда во Лигата на Европа, стратегот Гоце Седлоски ќе мора да прави мали измени или рокади. Имено поради вирус под голем знак прашалник е настапот на Владица Брдаровски, има вирус, па така на негово место ќе биде најверојатно Ангелче Тимовски. На левата бековска линија стартер ќе биде Бесир Демири, и тоа поради фактот дека Блертон Шеји нема право на настап поради три жолти картони.

Во „аут“ е и напаѓачот Данфа, кој се жали на повреда, но сепак и покрај сите проблеми кој ги има Седлоски, се очекува вечерва тој да изведе респектабилен состав.

Секако дека и на овој меч најмногу се очекува од „тројката“ Алварез, Куевен и Сандеј, кои се клучот на успехот на нашиот шампион.

Се очекува во стартниот состав да бидат:

Наумовски, Тимовски, Абдула, Маргвелашвили, Демири, Сенгор, Алварез, Куевен, Хамиди, Реналдо и Сандеј.

ПретходноБарди се договорил со тим од МЛС, но им откажал во последен момент
СледноПоранешен НБА шампион уапсен поради марихуана