Шкупи убедливо поразен во Даблин, тешка задача го чека на реваншот во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

4620

Шкупи е поразен со 3:1 на гостувањето во Даблин, на првиот меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Европа, и тоа од тимот на Шамрок Роверс.

Генерално Шкупи не одигра така добро како што се очеккуваше, посебно кошмарен беше стартот на мечот, па речиси цело прво полувреме.

Шамрок поведе од пенал во 12.минута со голот на Бурк, подоцна водеше и со 2:0 во таа 29.минута преку Ватс, додека Куевен намали на 2:1 во финишот на средбата.

А за крај Шамрок во 97.минута погоди за конечни 3:1.

Јасно е сега дека во Скопје во вторник Шкупи мора да победи со два или три гола разлика ако сака пласман понатаму, во плеј – офот во Лигата на Европа.

Се виде уште на стартот дека Шкупи не е на она ниво кое се посакуваше и очекуваше. Домашните играчи тргнаа во напад, и многу бргу, уште во 12.минута дојдоа до водство. И тоа благодарение на новиот играч на чаирчани, Диене кој на несфатлив начин направи пенал. Бурк ја презеде одговорноста и беше прецизен за водство од 1:0.

Шкупи се обиде да се врати во игра што се вели, но тоа беше јалово, немоќно.

И кога веќе беше така, нов шок за Шкупи. Шамрок со максимално прецизна акција во таа 29.минута го удвои водството. Наумовски и овојпат капитулира, стрелец на убавиот гол беше Ватс.No description available.

Секако беше за очекување Шкупи да даде се од себе да дојде подобар резултат, чаирчани креираа акции, имаа и закани кон домашниот гол, но Шамрок Роверс добро се бранеше и секоја потенцијална опасност навреме ја отстрануваше.

Седлоски се обиде со неколку измени да донесе свежина во неговиот состав, но гол немаше па немаше. И Куевен се закани, но рековме веќе, гол немаше. Шамрок љубоморно го чуваше својот гол и тоа водство од 2:0.

И токму Куевен беше тој што конечно постигна гол, убав гол за намалување на водството од 2:1.No description available.

Секако дека сега полесно се дише што се вели. По тој гол Шкупи уште повеќе притисна, едноставно нашиот тим сакаше целосен пресврт. Шкупи веќе почна да наликува на оној Шкупи што го знаеме, но сепак Ирците сеуште имаа водство.

А чаирчани напаѓаа во бранови, шутираа од далеку, се закануваа.

И тогаш дојде опасниот старт на Хамиди во таа 84.минута по што доби црвен картон, а Шкупи остана со играч помалку. Неволјата е поголема ако се знае дека тој нема да игра на реваншот во Скопје.

И на крај, во таа 97.минута О`Нил со фантастичен шут ги постави конечните 3:1.

Тешка задача го чека Шкупи.

No description available.

ШАМРОК РОВЕРС – ШКУПИ 3:1 (2:0)

3.квалификациско коло во ЛЕ (прв меч)

Талахт стадион“ во Даблин. Судија: Бартош Франковски (Полска). Стрелци:Бурк (п) 12., Ватс 29., О`Нил 97. (ШАМ), Куевен 77. Ж. Картони: Грејс, Ватс (ШАМ), Реналдо, Хамиди, Диене, Брдаровски (ШКУ).Ц.Картони: Хамиди 84. (ШКУ)

ШАМРОК РОВЕРС: Манус, Ганон, Грејс, Хоаре, Фин, О`Нил,МекКен (62. Тауел), Лајонс, Бурк (55. Грин), Гафни.

ШКУПИ: Наумовски, Тимовски, Сенгор, Маргвелашвили, Демири (46. Брдаровски), Диене, Алварез (64. Али), Куевен, Хамиди, Сандеј (64. Георгиев), Реналдо (64. Трапановски).No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноПех за Ливерпул: Конате го пропушта стартот на новата премиерлигашка сезона
СледноБеше ѕвезда на Валенсија, стана Ди-Џеј, па сега е фудбалски директор на Кипар