Шмајхел по 11 години го напушти Лестер и потпиша за Ница

187

Искусниот дански голман Каспер Шмајхел го напушти Лестер и стави потпис на договор со францускиот прволигаш Ница. Французите платија 1 милион евра отштета, а синот на легендарниот Петер Шмајхел ќе ги брани боите на новиот клуб до јуни 2025 година.

Со тоа Шмајхел стави крај на 11 годишната кариера во Лестер со кој ја освои шампионската титула во Премиер лигата во сезоната 2015/16, а триумфираше и во ФА купот во 2020/21 и Комјунити шилдс во 2021 година.

За Лестер одигра 414 натпревари во Премиер лигата и уште шеесеттина во европските и домашните купови.

Претходно една сезона играше за Лидс и Нотс Каунти, а од 2006 до 2009 година беше член на Манчестер Сити но не се изнаигра па затоа беше позајмуван во Бери, Фалкирк и Кардиф.

За данската репрезентација има 84 настапи.

ПретходноМаврово е новата „база“ на Алкалоид!
СледноСудии за 1.коло во ПМФЛ: Ставрев ќе го суди дербито меѓу “пандевци“ и Брегалница