Аталанта го престави новото засилување – Адемола Лукман

371

Крилниот напаѓач Адемола Лукман замина од германски РБ Лајпциг и следната сезона ќе настапува во италијанската Серија А.

Лукман од синоќа и официјално е фудбалер на екипата на Аталанта.

Тимот од Бергамо плати 15 милиони евра, вклучувајќи бонуси за трансферот на фудбалерот на германскиот тим.

Според новинарот Николо Шира, договорот со фудбалерот бил склучен до 2026 година, а постои опција истиот да се продолжи на уште една сезона.

Лукман минатата сезона ја мина на позајмица во Лестер.

ПретходноАртим Шаќири: Шансите и натаму се 50-50!
СледноИрците пресреќни: Очигледно е дека сме воодушевени од трите гола