Зоран Митровски ќе биде прв судија на дуелот меѓу Бугарија и Кипар!

353

Македонскиот судија со ФИБА значка, Зоран Митровски доби уште една голема меѓународна задача. Еден од најдобрите арбитри во нашата земја, ќе биде главен на теренот на средбата Бугарија-Кипар која е закажана за 25. август во Арената „Самоков“ во истоимениот град. На истата средба Владо Цветковски ќе биде делегат.

Средбата пак Данска-Македонија која на 25 август се игра во Нествед, ќе ја суди тројката: Танел Суслов (Естонија), Чан Мавису (Турција), и Франциско Арања (Шпанија), а во улога на делегат е Александер Фасен од Холандија.

Три дена подоцна, на 28.август, во Скопје, нашата селекција ја пречекува Словачка, во натпревар на кој ќе арбитрираат Чиприан Стоика (Романија), Озлем Јалман (Турција) и Александр Деман (Франција), а делегат е Албанецот Ставри Бело.

 

ПретходноПЛ: Навивачите на Арсенал и Тотенхем се најголеми оптимисти пред стартот на новата сезона
СледноБарса не може да ги регистрира засилувањата се додека Пике не си ја намали платата!?