Баерн го „растури“ Ајнтрахт на отворањето на новата сезона во Бундес

162

Бранителот на титулата Баерн Минхен со убедлива победа во Франкфурт ја стартуваше новата сезона во најсилната германска лига. Избраниците на Јулијан Нагелсман ја наполнија мрежата на противникот и тоа на гостински терен со 6:1, а по првите 45 минути имаа предност од 5:0!
Џошуа Кимих во 5-тата минута го постигна првиот гол во сезоната 2022/23, а по него стрелаа уште Павар, Мане, Мусиала и Гнабри.
Во второто полувреме тренерот Гласнер направи тројна измена, отиде со нова формација со која успеа достојно да му парира на противникот. Прво Јакиќ постигна гол кој беше поништен поради офсајд, а осум минути подоцна погоди Коло Муани.
А Баерн не остана само на тие пет гола. Во 83 минута Мусиала со својот втор гол ја запечати убедливата победа.
Утре играат: Аугзбург – Фрајбург, Менхенгладбах – Хофенхајм, Бохум – Мајнц, Унион – Херта, Волфсбург – Вердер, Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен. Во недела ќе се соочат: Штутгарт – Лајпциг и Келн-Шалке.

ПретходноШтета – Кадетките не се пласираа во 1/4 финале на СП, загубија од Исланд (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноАрсенал славеше на „Селхурст парк“ на отворањето на Премиер лигата (видео)