Барди не сакаше, но затоа Бентеке прифати да игра за Ди Си Јунајтед

211

Ди Си Јунајтед се пофали со трансферот на белгискиот интернационалец Кристијан Бентеке кој доаѓа од редовите на Кристал Палас. 31-годишниот напаѓач потпиша договор до јуни 2025 година и ова му е прв ангажман надвор од Европа.
Бентеке ќе игра за клубот во кој неодамна за тренер го назначи Вејн Руни. Да потсетиме од Шпанија информираа дека овој клуб кој игра во Мејџор Сокер Лигата требало да го донесе Енис Барди, но македонскиот репрезентативец одбил во последен момент.
Но затоа Бентеке прифати и ќе игра за четирикратниот шампион во МЛС и поранешен освојувач на ЛШ на Северна и Средна Америка.

ПретходноФенербахче ја дозна казната за скандирањeто „Путин, Путин…“
СледноШтета – Кадетките не се пласираа во 1/4 финале на СП, загубија од Исланд (ФОТОГАЛЕРИЈА)