Македонскиот судија со ФИБА значка, Зоран Митровски доби уште една голема меѓународна задача. Еден од најдобрите арбитри во нашата земја, ќе биде главен на теренот на средбата Бугарија-Кипар која е закажана за 25. август во Арената „Самоков“ во истоимениот град. На истата средба Владо Цветковски ќе биде делегат.
Средбата пак Данска-Македонија која на 25 август се игра во Нествед, ќе ја суди тројката: Танел Суслов (Естонија), Чан Мавису (Турција), и Франциско Арања (Шпанија), а во улога на делегат е Александер Фасен од Холандија.
Три дена подоцна, на 28.август, во Скопје, нашата селекција ја пречекува Словачка, во натпревар на кој ќе арбитрираат Чиприан Стоика (Романија), Озлем Јалман (Турција) и Александр Деман (Франција), а делегат е Албанецот Ставри Бело.