Македонската женска кадетска репрезентација вечерва (20:30 часот) игра против Исланд во рамките на главната рунда. По ремито со Шведска, на избраничките на селекторот, Љубомир Савевски ќе им биде потребен бод за да се најдат меѓу осумте најдобри репрезентации на Светското првенство У18 кое се одржува во Скопје.
Доколку бодат поразени, а Шведска го победи Иран во тој случај ќе се гледа гол разликата бидејќи двете селекции ќе имаат по ист број на бодови (Македонија и Шведска). Секако „црвено-жолтите“ играат последни, па ќе знаат што им е потребно за место во четвртфиналето, иако победата е посакувана и главна цел за продолжување на одличното издание на Мундијалот.
Доколку Македонија завери четвртфиналето ќе вкрсти со првопласираната или второпласираната репрезентација од групата 3, каде се наоѓаат Република Кореја, Германија, Романија и Холандија.
Влезот за дуелот во СЦ „Борис Трајковски“ е слободен, мечот ќе биде пренесуван на МТВ.