Не размислува на пензија: Леброн и ЛА Лејкерс почнаа преговори за нов 2-годишен договор

178

Првата ѕвезда на американската кошаркарска НБА лига, Леброн Џејмс и неговиот актуелен тим ЛА Лејкерс вчера имале „продуктивна“ средба на која се дискутирало околу иднината на ветеранот во дресот на „езерџиите“.

Според американски ESPN, агентот на 37-годишниот кошаркар Рич Пол истакнал дека се задоволни од насоката во која одат разговорите со составот од Калифорнија.

Според информациите, продолжувањето на договорот на Леброн со Лејкерс во оваа фаза не е договорено, но и двете страни се согласиле дека наскоро треба да се постигне напредок во преговорите. Џејмс и Пол се состанале со генералниот директор на Лејкерс, Роб Пелинка, како и со новиот главен тренер Дарвин Хем во тренинг објектот на Лејкерс во Ел Сегундо. Вчера беше првиот ден кога Џејмс има право да потпише нов 2-годишен договор со Лејкерс вреден 97,1 милиони долари.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Енур Тотре е нов фудбалер на Ворскла
СледноКошаркарите од Нествед ги почнуваат претквалификациите за Евробаскетот 2025