ПМФЛ – 2022/23:Уште една сезона без најтрофејниот, сите шампиони во самостојна Македонија од 1992/93 па наваму!

455

Утре стартува новата или 31-та сезона во нашата фудбалска елита. И во новата сезона ќе се игра без Вардар, без најтрофејниот наш клуб во историјата на самостојна Македонија. Изгледа на вардарци им се заарни во ВМФЛ, па повторно ќе играат во таа лига и во новата 31-сезона, како што беше лани.

По откажувањето од настапот во ПМФЛ на Ренова, сега само Работнички остана единствен наш клуб кој влегол во ПМФЛ и не испаднал. Но сега Вардар не е единствен клуб кој имал најмногу одиграни сезони во ПМФЛ, сега тоа е и Силекс. И двата клуба ќе имаат по 29 сезони во елитата, ако се знае дека кратовци во новата сезона ќе играат во ПМФЛ а Вардар во ВМФЛ.

Што се однесува до титулите освоени во самостојна Македонија во изминатите 30 сезони, тука нема дилеми. Тоа е Вардар со 11, па потоа доаѓаат Работнички, Шкендија и Шкупи (Слога Ј) кои имаат по 4. Која од овие екипи ќе ја освои петтата шампионска ѕвездичка останува да се види, со тоа таа ќе биде единствената која ќе биде втора на вечната листа со пет трофеи.

Од оние екипи кои биле шампиони, а нема да ги гледаме во ПМФЛ, тоа се Вардар и Ренова, тоа веќе го спомнавме,но затоа тука ќе бидат сите останати.

Е, па време е за ПМФЛ, Шкупи го брани пехарот…

No photo description available.

ТАБЕЛА НА ОСВОЕНИ ТИТУЛИ

11-ВАРДАР

4-РАБОТНИЧКИ

4-ШКЕНДИЈА

4-ШКУПИ (СЛОГА Ј)

3-СИЛЕКС

2-ПОБЕДА

1-МАКЕДОНИЈА ЃП

1-РЕНОВА

СИТЕ ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА

1992/93:ВАРДАР

1993/94:ВАРДАР

1994/95:ВАРДАР

1995/96:СИЛЕКС

1996/97:СИЛЕКС

1997/98:СИЛЕКС

1998/99:СЛОГА Ј (ШКУПИ)

1999/00:СЛОГА Ј (ШКУПИ)

2000/01:СЛОГА Ј (ШКУПИ)

2001/02:ВАРДАР

2002/03:ВАРДАР

2003/04:ПОБЕДА

2004/05:РАБОТНИЧКИ

2005/06:РАБОТНИЧКИ

2006/07:ПОБЕДА

2007/08:РАБОТНИЧКИ

2008/09:МАКЕДОНИЈА ЃП

2009/10:РЕНОВА

2010/11:ШКЕНДИЈА

2011/12:ВАРДАР

2012/13:ВАРДАР

2013/14:РАБОТНИЧКИ

2014/15:ВАРДАР

2015/16:ВАРДАР

2016/17:ВАРДАР

2017/18:ШКЕНДИЈА

2018/19:ШКЕНДИЈА

2019/20:ВАРДАР

2020/21:ШКЕНДИЈА

2021/22:ШКУПИ

2022/23:?????

ПретходноЈуниорките убедливо поразени од Украина!
СледноСоиграч на Ердал Ракип се оженил, но не присуствувал на својата свадба!!!