Почна 46. издание на Меморијалот „Чајка“

107

Синоќа во Крушево со натпреварите од 1. коло и официјално започна 46. издание на Меморијал „Бранко Хаџииљоски – Чајка“.

Во функција на македонските репрезентации, а сега како дел од подготовката за македонскиот женски национален состав за одбојкарки до 19 години за настапот на Европското првенство, годинешниот турнир собра неколку квалитетни селекции во женска конкуренција.

Во рамките на премиерното коло, сениорскиот состав на Босна и Херцеговина очекувано го совлада Косово (У19) со 3:1, додека во дуелот на двете македонски репрезентации, сениорките беа поуспешни од младинките со идентични 3:1.

За денеска се закажани дуелите од 2. коло. Сениорскиот тим на Македонија ќе се сретне со младинките на Косово, додека селекцијата на Македонија до 19 години ќе игра против сениорскиот тим на БиХ.

ПретходноИрците пресреќни: Очигледно е дека сме воодушевени од трите гола
СледноВреме е за најдобриот фудбал: Лондонско дерби на стартот на Премиерлигата!