ПСЖ без Мбапе ќе ја почне трката по нов трофеј во Лига 1!

148

Лоша вест за сите во таборот на ПСЖ. Имено Килијан Мбапе не ќе може да настапи на утрешното гостување кај Клермон во меч од првото коло во Лига 1. Како што кажа и самиот тренер, Криштоф Галтие, првата ѕвезда на тимот сеуште има проблеми со бутниот мускул и тој ќе мора да оди на терапија, па затоа Галтие не го стави на официјалниот список на играчи на кои ќе смета за првиот меч сезонава.

Да кажеме дека Мбапе го пропушти и минатонеделниот меч од Суперкупот на Франција поради суспензија.

Сепак, ако го нема Мбапе, тогаш за утрешниот меч со Клермон, стратегот Галтие ќе смета на сите останати свои ѕвезди како Меси, Нејмар, Рамос, Верати, Донарума.

Освен на Мбапе тој нема да смета и на најновото засилување Ренато Санчез.

 

ПретходноЧурлинов ќе го пропушти стартот на сезоната во Бундеслигата!
СледноПоранешна НБА ѕвезда: Се обидов да го прободам Олајџувон, но полицијата влезе во соблекувалната!