Се чини дека може лесно да се случи Дарко Чурлинов да го пропушти стартот на сезоната во Бундеслигата. Имено неговиот тим Штутгарт игра во недела и тоа дома против РБ Лајпциг, но Македонецот се жали на повреда на грбот и неговиот настап во најмала рака е крајно незвесен.
Ова го кажа денеска на прес – конференцијата Пелегрино Матарацо, тренерот хна „швабите“.
Навистина штета ако Македонецот не ќе може да настапи на овој прв меч, посебно ако се знае дека тој на подготовките беше фантастичен, а во првото коло во Купот на Германија го даде и победничкиот погодок против Динамо Дрезден.