Јирген Клоп: Мундијалот во Катар ќе се одржи во погрешно време од погрешни причини!

247

Вечерва стартува новата сезона во Премиер-лигата. Јасно е дека покрај Манчестер Сити, Ливерпул е еден од најголемите фаворити за титулата. Па така во пресрет на утрешниот меч на гости кај Фулам, во рамките на 1.коло, стратегот на “редси“ Јиргем Клоп истакна:

Имаме големи очекувања и големи соништа во новата сезона. Она вистинското допрва доаѓа. Сите тимови се засилија, се подобрија, надградувајќи го сето она што беше добро кај нив од минатата сезона. Се трудиме и ние како Ливерпул да бидеме подобри, да бидеме разновидни, ќе видиме дали сме успеале во тоа. Јас сум оптимист“ посочи Германецот.

Инаку повеќе од јасно е дека сезоната во сите поголеми лиги, ќе биде прекината во ноември и декември кога ќе се игра СП во Катар.

Овој Мундијал ќе се игра во погрешно време од погрешни причини. Јас говорам постојано дека календарот мора да биде усогласен од сите важни фактори. Затоа ги повикувам првите луѓе на ФИФА, УЕФА, ФА, ПЛ и сите други да седнат и да се договорат за доброто на фудбалот“ рече покрај другото Јирген Клоп.

ПретходноЗа Нестор само десетина минути, Удинезе едвај го мина првото коло во Купот на Италија!
СледноЛапорта со шокантна изјава: Барса нема никакви финансиски проблеми, за два месеци заработивме 868 милиони евра!