Јуниорките убедливо поразени од Украина!

65

Одново очајна партија на нашите јуниорки, кои денеска убедливо се поразени од Украина, репрезентација која беше далеку подобар противник и заслужено славеше со високи (91:47).

Па така женската јуниорска репрезентација на Македонија забележа уште еден пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во оваа возрасна категориј,во натпревар за пласман од 9. до 18. место на турнирот во Софија.

Украина беше далеку подобар противник во овој натпревар по кој нашата селекција „Под 18“ години ќе продолжи со обидите да дојде до првата победа во оваа конкуренција.

Уште во првото полувреме украина обезбеди висока предност. По првиот период беше (28:15), а веќе на полуврeмето, девојките во „сино-жолта“ комбинација имаа уште повисоки (51:26).

Ништо не се промени ниту по оние 15.минути предвидени за одмор и за совети. Подобриот ривал изгради уште повисока разлика. По три периоди имаше плус од 35.поени, (73:38).

Михаела Алексовска со 21. поен (шут од поле 7/15, и 7/10 од линијата за слободни фрлања), дополнети со седум скока, беше нашата единствена кошаркарка со двоен број на реализации.

ПретходноПоранешна НБА ѕвезда: Се обидов да го прободам Олајџувон, но полицијата влезе во соблекувалната!
СледноПМФЛ – 2022/23:Уште една сезона без најтрофејниот, сите шампиони во самостојна Македонија од 1992/93 па наваму!