Ирците пресреќни: Очигледно е дека сме воодушевени од трите гола

437

Менаџерот на Ирски Шамрок Ровер, Стивен Бредли, изјави дека е презадоволен од победата од 3:1 над екипата на Шкупи во првиот меч од 3. квалификациско коло во Лигата на Европа.

Предводникот на ирскиот состав по мечот изјавил дека Роверс со двата гола предност во Скопје следниот вторник зачекорил кон групната фаза од ЛЕ.

„Очигледно е дека сме воодушевени од победата и трите гола. Голот на крајот може да биде навистина важен за нас. Малку сум фрустриран од нашата игра во делови од бечот, бидејќи бевме невешти и им дозволивме да се ослободат. Тие покажаа дека можат да постигнат гол, но, ние почувствувавме дека треба да одиме напред (по црвениот картон) и завршивме одлична работа. Среќен сум што победивме“, изјавил менаџерот на Шамрок.

ПретходноАталанта го престави новото засилување – Адемола Лукман
СледноПочна 46. издание на Меморијалот „Чајка“