Повторно проблеми во однос на патувањата на Шкупи, сега на враќање кон Скопје. Имено сега ќе мора тие 300 км од Даблин до Шенон да ги минат со автобус, па дури во Шенон да се качат на чартер – авионот и да тргнат за Скопје.
Навистина ова е крајно некоректно од страна на домаќинот, на што реагираа и од раководството на Шкупи во текот на вчерашниот ден. Место чартерот да слета во Даблин, експедицијата на Шкупи тоа го направи во местото Шенон, а од таму со автобус ги мина тие 300 км до Даблин.
Навистина неверојатно. Сега се оди во обратен правец.
Тамошните медиуми се обидоа да го оправдаат сето ова, дека не можело во Даблин туку морало во Шенон, но сега треба Шкупи што се вели и тоа како да врати.
Па нека Ирците во понеделник, кога ќе доаѓаат, нека слетаат во Охрид, па нека патуваат и тие три и повеќе часови со автобус до Скопје.
Секак се е ова бадијала, Шкупи денеска изгуби еден ден, ако се знае дека експедицијата на чаирчани во Скопје треба да допатува доцна вечерва околу 23 часот. А веќе во вторник се игра реваншот со Шамрок Роверс.