Поранешна НБА ѕвезда: Се обидов да го прободам Олајџувон, но полицијата влезе во соблекувалната!

530

Првото пензионирање на Мајкл Џордан максимално го искористија Хјустон Рокетс, кои, предводени од Хаким Олајџувон, освоија две шампионски титули во НБА во 1994 и 1995 година. Тогаш за Хјустон играше Вернон Максвел, кој беше познат по своето проблематично однесување. Тој во подкаст се присети како се обидел да го прободе Олајџувон со скршено стакло во соблекувалната.

„Бевме во посета на Сиетл и игравме очајно во првото полувреме. Имаше долг ходник до соблекувалната, а на пат до таму му реков дека никој не ми ја подава топката, плукав на подот и се лутев, тој ме следеше цело време. Во соблекувалната постојано велев дека треба да ми подаваат топки, а Хаким ми рече да застанам и да бидам професионалец. Му реков дека не сакам да ги слушнам тие глупости и да ми ја дода топката.

Стана, се наведна пред мене и ми удри шлаканица. А гадот има толку тешка и тврда рака што можеше со неа да сече месо. Тој ме фрли од столот, а јас го зедов, му и го скршив стаклото. Сите се разбегаа, полицијата влезе во соблекувалната со пиштол во рака и ми рече да се смирам. Не можев да поверувам, на полувремето од професионален меч, полицијата ме држи на нишан.

Ми велеа да го спуштам ножот затоа што имав парче стакло во раката и сакав да го прободам тоа копиле. Но, сите се разбегаа, па не можев да допрам никого. Таков бев јас некогаш“, ја заврши приказната Максвел.

ПретходноПСЖ без Мбапе ќе ја почне трката по нов трофеј во Лига 1!
СледноЈуниорките убедливо поразени од Украина!