Три гола, два црвени картони и победа на Лион во 1.коло во Лига 1

105

Тимот на Лион со триумф над Ајачио од 2:1 ја започна новата сезона во француската Лига 1. Натпреварот освен што го одбележаа три гола, го одбележаа и два црвени картони. Прво „лавовите“ лесно дојдоа до предност од 2:0. Во 12 минута Тете погоди, а десет минути подоцна во листата на стрелци се запиша и Александре Лаказет со гол од пенал што е негов прв гол по кам-бекот во редовите на Лион.
Во 27 минута Лион се најде во проблеми. Голманот Антонио Лопес направи груб прекршок поради што доби директен црвен картон. Мангани од пенал го намали резултатот, а во 45 минута силите на теренот беа изедначени затоа што и Хамума беше исклучен.
Во вториот дел ништо не се промени, па Лион ги впиша првите бодови во новата сезона.

ГОЛОТ НА ТЕТЕ ОВДЕ

ГОЛОТ НА ЛАКАЗЕТ ОВДЕ

ГОЛОТ НА МАНГАНИ ОВДЕ

ПретходноСавевски: Пропуштивме многу шанси, но и судиите немаат ист аршин!
СледноВајналдум: Прекрасно е чувството да си фудбалер на Рома