Гранит Џака под истрага дали е дел од албанска обложувачка мафија!

322

Британската Национална агенција за криминал започна сопствена истрага за околностите околу сомнителниот жолт картон што го доби играчот од средниот ред на Арсенал Гранит Џака за време на натпреварот против Лидс минатиот декември.
Швајцарскиот интернационалец доби жолт картон во 86. минута од натпреварот поради задржување на времето, иако Арсенал веќе водеше со 4-1.

Една од обложувалниците на Островот ги известил властите за сомнителниот облог од 52.000 фунти за Џака кој беше санкциониран од судијата во последните 10 минути од натпреварот. Ова можеби е само врвот на ледениот брег, бидејќи според информациите на Дејли Меил, иследниците пронашле докази за значителни количини на криптовалути кои се користени за обложувување на пазарите кои не се регулирани во Обединетото Кралство.

Се верува дека голем дел од оваа активност се одвивала во Албанија и најверојатно била иницирана од луѓе поврзани со албанската мафија. Се споменува Албан Јусуфи, кој во 2017 година беше фатен како го поткупува голманот на АИК, Киријакос Стаматопулос со 150.000 фунти за пушти во дербито со Гетеборг, а локалните истражители го одложија натпреварот за да го истражат. Јусуфи, кој е поранешен фудбалер доби петгодишна забрана од фудбалот поради скандалот.

Според Дејли Мејл, Јусуфи вложил значителна сума на жолтиот картон на Џака, а целиот собран материјал е предаден на соодветните истражни органи. Сега се води истрага дали играчот од средниот ред на „топчиите“ има некаква врска со обложувачка мафија и нејзините челници во Албанија.

Гранит Џака вчера одигра цел натпревар за Арсенал во победата од 2-0 на гостувањето кај Кристал Палас во воведното коло од сезоната во Премиер лигата. 29-годишниот швајцарски интернационалец со албански корени доби жолт картон во 44. минута.

ПретходноПСЖ во непријатна ситуација поради тренерот!
СледноПМФЛ-2022/23: Струга ТЛ уште на стартот против Победа сака да ја покаже својата сила!