Жоргињо со гол од пенал за стартна сезонска победа на Челзи (ВИДЕО)

96

Со удар од белата точка, Жоргињо му донесе премиерна победа на Челзи во новата сезона во англиската Премиерлига. На гостувањето кај Евертон, момците на Томас Тухел искористија една грешка на домашните во судиското продолжение во првото полувреме и од пенал успеаја да дојдат до минималниот триумф на „Гудисон Парк“.

Во првото полувреме видовме одличен фудбал и неколку извонредни шанси на двете страни, но само еден погодок. Во вториот дел Челзи имаше повеќе од играта, но резултатот остана непроменет.

Минатата сезона Евертон беше непоразен на дуелите со Челзи, но „сините“ уште на стартот на оваа сезона успеваат да ја прекинат таа негативна низа.

Претходно„Милионерите“ на „мускули“ до победа на отворањето на бундеслигашката сезона (ВИДЕО)
СледноПрекрасен гол на Даноски за победа на Нови Пазар во српската Суперлига (ВИДЕО)