И конечно: Прва победа за јуниорите, опстанокот и натаму виси!

279

Македонската јуниорска репрезентација ја запиша првата победа на Европското првенство во Измир, откако на првиот меч во битката за опстанок славеше против Црна Гора со 62-65. Опстанокот не е обезбеден, Македонија мора да ја победи Хрватска за да го обели образот на ова катастрофално првенство.

Ова беше уште еден познат противник на Тони Симиќ и неговите пулени, против Црна Гора играа на турнирот во Гевгелија.

Кошаркарите на Македонија беа добри во првото полувреме, на стартот на мечот поведоа со 10-16, а веќе на стартот на втората четвртина имаа двоцифрени (10-20), ова водство даваше надеж дека „црвено-жолтите’ ќе имаат ширум отворен пат кон првиот триумф, но вака не размислуваше Црна Гора.

По 25-32 на одморот, противникот фати ритам. Третиот период го доби со 24-14 за целосен пресврт на мечот. По само три минути игра во последната четвртина, Црна Гора поведе со двоцифрени 57-46. На другата страна Македонија никако не успеаваше да најде решение, црната низа ја прекинавме благодарени на Симиќ го поведе тимот, па Македонија 57-56 ова беше период во кој противникот не погоди ништ. Црна Гора успеа да дојде на плус три (59-59) Шошкиќ со пеѕ поени во низа го врати водството на 59-61, промаши слободно за поголема позитива.

Црногорците ја вратија минималната предност (62-61), Шошкиќ со три нови поени заголеми на 62-64, Башовски погоди едно слободно за 62-65. Црна Гора не успеа да реализира и тука беше крајот на оваа средба.

ПретходноГол на Македонецот: Бојан Миовски стрела за Абердин од пенал! (ВИДЕО)
СледноЛетаат ракети во Израел: Откажана пријателската меѓу Јуве и Атлетико Мадрид