На Луис Суарез не му требаше долго време да го постигне својот прв гол откако се врати во Национал. Неговиот тим го победи Рентистас со 3-0 во натпревар од второто коло на уругвајскиот шампионат, а 35-годишниот напаѓач го постигна третиот гол.
Суарез влезе во игра на паузата, а во 59. минута погоди со глава на блиската статива од корнер. Во 84. минута поранешниот играч на Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид промаши пенал, а во последните секунди од натпреварот голманот на гостите го матираше неговиот акробатски удар.
Суарез пред неколку дена дебитираше за Национал во поразот со 1-0 од Атлетико во првото четвртфинале на Копа Судамерикана.
Welcome home!
Luis Suarez scores his first goal back for Nacional. 💥
(🎥 @tenfieldoficial)pic.twitter.com/rS2gcLrUxH
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) August 6, 2022