Австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ може да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед, пренесува британскиот весник „Сан“ и италијанската „Газета дело Спорт“. Наводно челници на Јунајтед раговарале со Болоња за овој трансфер што би означило враќање на искусниот голгетер во Премиер лигата после настапите за Стоук и Вест Хем.
Со оглед на несигурната ситуација со Роналдо, „Црвените ѓаволи“ имаат потреба од нов напаѓач до крајот на летото. Плус повредата на Марсијал создаде нови проблеми во тимот.
Арнаутовиќ постигна 14 гола во 33 меча во Серија А минатата сезона.
Man Utd ‘consider shock transfer move for ex-West Ham man Arnautovic’ as Bologna striker, 33, eyes Premier League return https://t.co/QH1rcIcLPq
— The Sun – Man Utd (@SunManUtd) August 6, 2022