„Милионерите“ на „мускули“ до победа на отворањето на бундеслигашката сезона (ВИДЕО)

107

Фудбалерите на Борусија (Д) минимално со 1:0 го добија дербито во воведното коло од новата сезона на германската Бундеслига. Вечерва на домашен терен, „милионерите“ славеа над екипата на Баер (Л) со голот на Марко Ројс во 10. минута.

Искусниот капитен на Борусија (Д) најдобро се снајде во мешаницата пред гостинскиот голман по шутот на новото засилување Карим Адејеми и успеа да ја турне топката во гостинската мрежа за водство уште во раната фаза на мечот.

„Фармацевтите“ одиграа добар натпревар, но иако двапати ја погодуваа мрежата на домашните, не успеаја да израмнат. Најпрвин во 53. минута поради офсајд беше поништен голот на Паласио, а потоа и во 81. минута гостите погодија од класичен офсајд.

ПретходноЗахариевски: Заслужена победа на Струга ТЛ, полесно е кога го имаш Бесарт во нападот!
СледноЖоргињо со гол од пенал за стартна сезонска победа на Челзи (ВИДЕО)