Прекрасен гол на Даноски за победа на Нови Пазар во српската Суперлига (ВИДЕО)

348

Искусниот македонски напаѓач, Зоран Даноски, со својот втор гол сезонава во дресот на Нови пазар му ја донесе втората победа на својот тим во новото превенство од Суперлигата на Србија.

Даноски денеска погоди на гостувањето кај ТСЦ Бачка Топола во 57. минута на мечот и неговиот гол на крајот излезе дека е доволен за голема победа на гостите.

Во составот на ТСЦ Бачка Топола во ова коло се врати нашиот Мирчевски, кој доби шанса од клупата. Тој влезе во игра во 63. минута и го одигра последниот половина час на мечот.

ПретходноЖоргињо со гол од пенал за стартна сезонска победа на Челзи (ВИДЕО)
СледноКузмановски одличен на првиот тест со Хановер