Пријателска: Е. Пелистер со триумф над Е. Пелистер 2!

180

Попладнево Битола, во салата “Боро Чурлевски“, во рамките на подготовките за новата сезона, во пријателски меч Е.Пелистер го победи својот “помал брат“ Е. Пелистер 2 со 29:24.

Секако дека беше ова добра контрола за двајцата стратези Валтер и Јовиќ, со цел да ја проверат моменталната форма на своите екипи.

Што се однесува до стрелците, кај победникот Сери и Пешевски постигнаа по пет голови, Дејвис со 4, Кукуловски и Танкоски постигнаа по три.

Кај поразениот тим Стоилевски, Николовски и Петар Атанасијевиќ постигнаа по три гола.

Треба да се каже дека натпреварот се играше 3Х20 минути.

May be an image of 4 people, people standing, people playing sports and indoor

May be an image of 5 people, people standing, ball, indoor and text that says 'HC EUROFARM PELISTER'

ПретходноТриумф на Струга ТЛ: „Бум – бум“ Бесарт – рекордерот на фантастичен начин ја отвори сезоната! (ВИДЕО)
СледноЗахариевски: Заслужена победа на Струга ТЛ, полесно е кога го имаш Бесарт во нападот!