Францускиот шампион без проблеми тргна со убедлива победа во новата сезона на француската Лига 1. Вечерва на гостувањето кај Клермон, тимот предводен од новиот тренер Галтие ги прегази домашните со 5:0.
ПСЖ мечот го доби рутински. Одлуката за трите бода падна уште во првиот дел кога со головите на Нејмар, Хакими и Маркињос гостите заминаа на пауза со 3:0.
Во вториот дел доминацијата на парижани продолжи, а Меси во последните десетина минути со два погодока само ја потврди високата победа на шампионот.