Браво Бојане: Гол – шоу на Миовски во дресот на Абердин! (ВИДЕО)

6657

Дури сега се гледа каков добар трансфер направил Абердин со ангажманот на Бојан Миовски. И не само што стрелаше во Лига купот на својот тим, туку Македонецот денеска на свој терен против Сент Мирен беше стрелец на првите два гола за Абердин во новата сезона.

Бојан навистина одлично се вклопи во новата средина, иако не е подготвен максимално, сепак добива максимална минутажа, така беше и денеска на мечот со Сент Мирен, кога Бојан во 24. и 37.минута во два наврати се запиша во листата на стрелците. Првиот голман беше од пенал, а вториот од игра.

Во 71.минута кога беше повлечен од игра, резултатот беше 3:1.

Бојан своето си го направи, допрва Македонецот ќе ги фрла во транс фановите на Абердин.

ПретходноБундеслига: Фрајбург како гостин го „торпедираше“ Аугсбург, Унион Берлин со триумф против Херта! (ВИДЕО)
СледноПремиерлига: Тотенхем покажа сила на стартот на сезоната! (ВИДЕО)