Бундеслига: Фрајбург како гостин го „торпедираше“ Аугсбург, Унион Берлин со триумф против Херта! (ВИДЕО)

93

Попладнево се одиграа пет меча од првото коло сезонава во Бундеслигата. Фрајбург веднаш на стартот покажа сила и како гостин успеа со 0:4 да слави кај Аугсбург. Стрелци на головите беа Грегориш, Грифо, Гинтер и Доан. Според шансите победата можеше да биде уште поубедлива.

Борусија Менхенгладбах дома губеше од Хофенхајм со 0:1, но на крајот успеа да победи со 3:1. Бенсабаини, Турам и Елведи стрелаа за домашниот состав, додека голот за гостите беше дело на Сков во 25.минута.

Унион Берлин со 3:1 во градското дерби дојде до убедлив триумф против Херта. Стрелци за домашните беа Сиебатчеу, Бекер и Кнохе, додека голот за соседот голот го постигна Лукебакио.

Мајнц како гостин славеше против Бохум со 1:2, додека Волвфсбург и Вердер одиграа интересен меч кој заврши со резултат 2:2.

Во вечерниот термин од 18:30 се игра големото дерби меѓу Борусија Дортмунд и Баер Леверекузен.

ПретходноЛетаат ракети во Израел: Откажана пријателската меѓу Јуве и Атлетико Мадрид
СледноБраво Бојане: Гол – шоу на Миовски во дресот на Абердин! (ВИДЕО)