Струга ТЛ со убедлив триумф од 3:0 успеа да ја отвори сезоната и да дојде до првите три бода. Совладана беше Победа, тим кој и покрај поразот се виде дека не е навиен противник.
Сепак составот на стратегот Срѓан Захариевски одигра навистина добро успеа да дојде до победа на стартот од сезоната.
Токму Захариевски за “Спортмедиа“ по мечот искоментира:
„Секако дека сум задоволен, секогаш е тешко на овие први мечеви да се игра. Ние бевме под притисок, сите не видоа како сигурни победници и тоа моравме да го докажеме на теренот. Честитки за играчите, за тоа што го покажаа. Задоволен сум од дебитантите, зарем треба да се каже што значи Бесарт Ибраими за нашата екипа. Па веднаш покажа кој е рекордерот во ПМФЛ. Со него во нападот ќе ни биде полесно. Презадоволен сум и од настапот на останатите новаци, како Јусуфи кој исто така постигна гол, но задоволен сум и настапот на целата екипа“ рече стратегот на Струга ТЛ.