Повратникот во Премиер лигата, тимот на Фулам освои бод во дуелот со големиот фаворит Ливерпул на домашен терен во рамките на 1.коло. Лондонската екипа два пати водеше, а „црвените“ спасуваа.
Александар Митровиќ го доведе Фулам во водство во првото полувреме по едно нафрлување од десната страна и удар со глава под пречката од голот на противникот.
Во 64 минута на асистенција на Салах изедначи Дарвин Нуњез со eфектен погодок што му е дебитантски гол во најсилната англиска лига. Но само неколку минути подоцна Ван Дајк направи прекршок за пенал, а Митровиќ од белата точка одново носи предност за Фулам.
Во 80 минута Нуњез му асистира на Салах за конечните 2:2.
Darwin Núñez. pic.twitter.com/xZTj5Uh2VQ
— En el VAR (@EnElVar) August 6, 2022